14 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Повеќе да се грижи за своите деца, отколку за туѓите: Брутална порака на Огњен Врањеш до Карлеуша

Најчитани вести

Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш беше гостин во една емисија каде првпат проговори за скандалот со Јелена Карлеуша.

Светот ми го свртеа некои „бабароги“. Се обидоа да ми го уништат светот, но излегов посилен од тоа. Ништо не е вредно за проблемите во животот. Не давам никогаш да удират по моето семејство. Никогаш не очекував толку зло, иако луѓето ќе кажат дека јас прво го нанесов тоа зло. Јас никогаш во животот не сум нанел зло, така ни на тие неважни личности кои глумат криминалци на батерии. Така е популарно, тие луѓе да глумат сила – рекол Врањеш.

Тој исто така и испрати порака на српската дива и истакна дека треба повеќе да внимава на своите деца.

Не сакам да им праќам пораки на луѓето, но сега ќе го направам тоа. И порачувам на таа дива повеќе да се грижи за своите деца, отколку за туѓите. Нека не се замара со глупости и нека не нанесува зло. Како што вели таа, на неа и нанесуваат зло, а работата е обратна, често ги провоцира луѓето, ги провоцира туѓите деца и семејства – вели Врањеш.

На почетокот на годината беа објавени фотографии од Карлеуша која наводно ги праќала на фудбалерот. Таа ги демантираше овие пишувања и истакна дека се тоа е монтажа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com