21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Поведена постапка за двајца албански државјани кои краделе во куќи во гостиварско

Најчитани вести

Обвинителството во Гостивар денеска поведе постапка против двајца државјани од Албанија, кои во две куќи во гостиварско извршиле кражби и украле повеќе вредни предмети.

-Гостиварското обвинителство поведе постапка против двајца државјани на Република Албанија, за кои постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со членовите 22 и 45 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Осомничените, како соизвршители, со употреба на штрафцигер, преку подрумските простории, насилно влегле во две куќи во гостиварско, од каде одзеле телевизор, таблет, рачни часовници, накит и други вредни предмети.

На 22 март полициски службеници извршиле претрес во напуштена куќа во која престојувале осомничените, кои биле затекнати и лишени од слобода, а биле пронајдени и противправно одземените предмети од кривичните дела.

Постапувајќи по поднесениот предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар на осомничените им определи мерка притвор во траење од осум дена.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести