Побрз од Формула 1 – Фолксваген ID.R со нов рекорд на Гудвуд

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Првиот електричен тркачки автомобил кој e побрз од Формула 1, Фолксваген ID.R повторно ја промени историјата на мотоспортот со поставување нов рекорд на овогодишниот Гудвуд фестивал на брзината.

Роман Думас ја заврши патеката од 1,86 километри на југот од Англија за само 39,90 секунди.

Притоа, електричниот тркачки автомобил со моќност од 500 kW (680 PS) го собори минатиот рекорд, кој траеше 20 години, за 1,7 секунди. Тој исто така ја освои победата во неделата.
Претходниот рекорд на познатото искачување беше поставен во 1999 година од Ник Хајдфелд и неговиот Ф1 McLaren-Mercedes MP4/13 со 574 kW (780 КС) со мотор со внатрешно согорување.

„Во поставувањето на новиот рекорд на Гудвуд фестивал на брзината, ID.R уште еднаш покажа дека електричниот погон на Фолксваген може да ги надмине дури и најмоќните конвенционални погонски мотори“, рече директорот на „Фолксваген моторспорт“, Свен Шмет.

„Ромен Дума го искористи целиот потенцијал на ID.R на оваа кратка, на незгодна патека. По победата на Pikes Peak и рекордот на Nürburgring-Nordschleife, тој сега постигна уште една пресвртница за електромобилноста. Тоа беше моќна изведба од целиот наш тим, кој имаше само многу кратко време, за да добиете лесна варијанта на ID.R и да настапи на Фестивалот на брзината“.

„Многу сум горд што го поставив рекордот во Гудвуд со ID.R. Краткото искачување е многу посебен предизвик. Бидејќи патеката е толку кратка, не можев да си дозволам да направам дури ни најмала грешка и секој аспект на фино подесување на ID.R мораше да биде совршен. Тоа беше особен предизвик, бидејќи не можевме да го тестираме на пат претходно“, рече Ромен Дума, кој претходно ја освои севкупната победа со електричниот рекорд на истото место во 2018 година.

„Фолксваген моторспорт“ систематски го модифицира ID.R за нејзиното натпреварување на Гудвуд фестивалот на брзината. Меѓу другото, најновата еволуција на електричниот тркачки автомобил беше полесна отколку кога ги постави рекордите за Pikes Peak и во Nürburgring.

„Ние користевме помала батерија отколку во Nürburgring и ја оптимизиравме моќноста. Како таква, новата спринт верзија на ID.R тежи помалку од 1.000 килограми“, изјави Франсоа-Ксавиер Демасон, технички директор на „Фолксваген моторспорт“.

ID.R, исто така, го заврши своето рекордно возење без системот за намалување на воздушен отпор (DRS) кој беше дизајниран за брзите делови на Nürburgring, бидејќи карактеристиката на патеката во Гудвуд го направи ова да биде непотребно.

T.E.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.