21 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Победа за демонстрантите во Хонгконг: Лидерката Лам го повлече законот за екстрадиција

Најчитани вести

Лидерката на Хонгконг, Кери Лам, за попладне свика состанок со прокинеските политичари во оваа посебна кинеска административна област, на кој официјално ќе најави повлекување на контроверзниот нацрт-закон за екстрадиција, поради кој дојде до повеќемесечни протести, објави британски „Индепендент“.

На попладневната средба, според весникот, таа ќе ги опише деталите за повлекување на нацрт-законот, како гест со цел смирување на тензиите.

Локалните медиуми, исто така, известуваат дека ќе дојде до повлекување на нацрт-законот, информација по која дојде до скок на акциите на берзата во Хонгконг.

Канцеларијата на Лам засега не ги коментира медиумските написи.

Контроверзниот нацрт-закон предвидуваше можност осомничени од Хонгконг за судење да бидат екстрадирани во Кина.

Законот за екстрадиција, со кој ќе се опфатеа седум милиони жители на поранешната британска колонија, како и странски и кинески државјани во градот, многумина го сметаа за закана за владеењето на правото.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести