10.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Поактивна улога на државните институции на Македонија и Грција за европерспективата на земјата

Најчитани вести

Важноста на европската перспектива на земјава во однос на соработката со Грција, ја истакнуваат професорите Јоргос Христидис и Вели Креци во разговор за МИА, по повод заедничкиот извештај на ЕЛИАМЕП од Грција и Аналитика од Северна Македонија за „Соработката во областа на образованието, културата и невладиниот сектор по Преспанскиот договор и како да се продолжи напред?”.

Третиот заеднички проект, што воедно е и прво заедничко истражување на двете тинк-танк организации, по презентацијата во понеделникот во Скопје, беше презентиран и во Атина.

Професорот од солунскиот Универзитет „Македониа“ и истражувач во ЕЛИАМЕП, Јоргос Христидис, вели дека истражувањето покажува одредени точки што се многу охрабрувачки во однос на изгледите и динамиката што постои за дополнителна соработка и додава дека е потребна поактивна поддршка на соработката од државни институции.

„Истражувањето што го спроведовме, ни покажа и едно друго прашање за кое сите сметаат дека се подразбира. Треба да се даде зелено светло за интегративниот процес на Северна Македонија. Ова е неопходно за да се поддржи стабилноста во оваа земјата, да се направат реформи. И во корист и на Грција е, но ќе влијае и генерално на билатералната соработка. Па така, политички неопходно е да се даде зелено светло“, вели Христидис.

Грчкиот професор, во однос на тоа колку е можна промена на позицијата во ЕУ за нашата земја, коментира дека е „малку повеќе оптимист дека ова може да се случи во март“, односно пред изборите кај нас.

Со идентичен став дека неопходно е откочување на нашата европска перспектива за дополнително продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји е и професорот Вели Креци од Универзитетот на Југоисточна Европа и истражувач во Аналитика.

„Интересно беше дека од истражувањето, од интервјуата кои што беа направени со грчите стејкхолдери, со засегнатите страни, од нивна страна имаше огромна поддршка за отпочнување на преговорите со Европската Унија. Значи мора да почнТ преговорите со Европската Унија, мора да ѝ се даде зелено светло за да се зајакни и подобри соработката со Грција. Едниот од наодите, од главните наоди на истражувањето беше од областа во која се дава поддршка и од јавноста на Грција дека тој процес мора да продолжи и ако има застанување во тој процес може да има и негативни ефекти во однос на соработката“, вели Креци за МИА.

За големиот потенцијал за соработка меѓу двете земји, но и за потребата Владите во Скопје и Атина да ја охрабрат оваа соработка и да обезбедат средства таа да се имплементира, говореа авторите на истражувањето за време на презентацијата во Скопје пред три дена.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com