14 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

ПМФЛ: Само 0:0 на Арената, “пандевци“ покажаа кој е кој, Ренова му се истури на Вардар, шок во 90.минута во Струга…

Најчитани вести

Попладнево се одиграа сите шест натпревари од 21.коло во ПМФЛ.

На дербито на Арената во Скопје, Работнички и Шкендија одиграа без голови 0:0. Во поголем дел од мечот домашните ја имаа иницијативата, имаа и неколку шанси. Шкендија се бранеше, но затоа преку Алими и Дита имаше шанси дури и за победа.

Конечно победа на Академија Пандев, деби победа на стратегот Александар Васоски . Совладана беше Македонија ЃП со 2:1. Радески донесе водство во 11.минута по центаршутот на Мартинага. Серафимов можеше да го удвои водството за “пандевци“. Но во таа 56.минута “лавовите“ израмнија преку Божиновски кој се најде на втората статива по изведениот корнер на Да Силва. Во 70.минута Стоилов во супер шанса, но блокираше Личина, па така место 2:1 за А. Пандев само корнер.

Се играше 86.минута од левата страна нафрли Стоилов пред голот, следуваше елеганција на Крстовски за водство од 2:1.

Ренова со 3:0 го “торпедираше“ Вардар и тоа со головите на Шефити и два на Селмани. “Гипсарите“ беа далеку подобри, имаа шанси, постигнаа три гола, одличен беше Ремзифаик Селмани. Вардар мечот го заврши со играч помалку по исклучувањето на Радуловиќ – Величковиќ.

Борец ја победи Беласица со 2:1. Велешани со головите на Баша и Адили славеа три големи бода, додека Митевски успеа само за момент да израмни на 1:1. Нема што се помалку надеж за струмичани да се спасат од најлошото.

Во Кратово гостите од Чаир беа подобри, го диктираа темпото, но победија од пенал и тоа со голот на Алварез. Кратовци останаа со два играчи помалку откако исклучени беа Благојевиќ и Серафимовски.

Пејаковиќ во 90. ја шокираше Струга ТЛ, Пелистер освои големи, големи три бода. Нема што Пелистер е во налет.

РЕЗУЛТАТИ – 21.КОЛО

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0:0

А.ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:1

(Радески 11., Крстовски 86./Божиновски 56.)

СИЛЕКС – ШКУПИ 0:1

(/Алварез (п) 78.)

БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА 2:1
(Баша 4., Адили 45./Митевски 17.)

РЕНОВА – ВАРДАР 3:0

(Шефити 21., Селмани (п) 27., 55./)

СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 0:1

(/Пејаковиќ 90.)

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com