Пливањето дефинитивно можеме да го наречеме совршена вежба. Покрај работата на речиси секој мускул во вашето тело, пливањето може да го зголеми пулсот за да го подобри вашето здравје и да го заштити вашиот мозок од влошување.
„Кога редовно пливате 30 до 45 минути, се борите со депресијата и стресот и на тој начин го подобрувате вашето расположение“, тврди Ји-Мин Ли, професор по медицина на Медицинскиот факултет Харвард.
Пливачите уживаат голем број придобивки, од подобрена издржливост, сила, па дури и ослободување од стрес.
Откриено е дека пливањето го зголемува протокот на крв во мозокот, со што му носи повеќе кислород. Тоа значи дека би можеле да се чувствувате појасно, побудно и посвежо за сите дневни задачи, но и да имате подобра меморија и генерално подобрена когнитивна функција.
Студијата на 7.000 деца на возраст под 5 години покажала дека децата кои пливале од рана возраст развиле вештини порано од нивните врсници кои не пливаат, без оглед на социоекономското потекло. Нивната писменост и математика исто така биле подобри.
Едно истражување покажало дека пливачите кои редовно одат на базен меѓу октомври и јануари пријавиле подобрување на општа благосостојба, вклучувајќи помалку замор, напнатост и губење на меморијата.
Без оглед на годишното време, се смета дека пливањето нуди придобивки за менталното здравје, вклучително и намалување на нивото на стрес, намалување на симптомите на анксиозност и депресија и подобрување на квалитетот на сонот.