15.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Пленковиќ повика на брзо отворање на пристапни преговори за С.Македонија и Албанија

Најчитани вести

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ повика на што поскоро отворање на пристапните преговори меѓу Европската унија и Република Северна Македонија и Албанија „затоа што тоа го заслужија”. Хрватска е еден од поборниците за проширување на ЕУ повтори Пленковиќ кој присуствува на неформалниот самит на земјите од ЕУ и Западен Балкан.

– Хрватска е една од оние земји кои се за проширување на ЕУ”, рече Пленковиќ, додавајќи дека тоа е „единствениот правилен пат” за Југоисточна Европа.

Лидерите на ЕУ се собраа во Брдо кај Крањ, Словенија, за да испратат порака за „посветеност на процесот на проширување”, рече Пленковиќ и нагласи дека Босна и Херцеговина, во која Хрватите се еден од трите конститутивни народи, е „особено важна” за Хрватска.

– Денес ќе се залагаме за нивна еднаквост и почитување и на Договорот од Дејтон-Париз. Ова значи дека очекуваме политичките партии во институциите на БиХ и БиХ да го сменат изборното законодавство на соодветен начин пред следните избори во октомври 2022 година, рече хрватскиот премиер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com