Home » Пленковиќ: Геноцидот во Сребреница е пораз на човештвото

Пленковиќ: Геноцидот во Сребреница е пораз на човештвото

by Журнал.мк

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на „Твитер“ објави дека геноцидот во Сребреница е пораз на човештвото и изрази почит кон жртвите и сочувство до нивните семејства.

„Поминаа 27 години од геноцидот во Сребреница, кој претставува пораз на човештвото. Со почит се сеќаваме на повеќе од 8.000 бошњачки мажи, момчиња и цивили убиени во Сребреница. Длабоко сочувствуваме со нивните семејства и најблиските“, напиша Пленковиќ на „Твитер“.

Се проценува дека повеќе од осум илјади бошњачки мажи и момчиња биле убиени во текот на десетте дена од јули, а потрагата по останките на речиси илјада од нив сè уште трае, пишуваат медиумите во регионот.

Тие анализираат дека поранешните политички и воени лидери на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, беа осудени на доживотен затвор поради одговорност за геноцидот во Сребреница.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More