4.8 C
Skopje
Sunday, April 2, 2023

Плевнелиев: Србија никогаш нема да дозволи Македонија да влезе во ЕУ пред неа

Најчитани вести

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев во интервју за БТВ нагласи дека Србија нема да дозволи Република Северна Македонија да оди по патот кон интеграција во ЕУ пред самата Србија да ја подреди сопствената геополитичка позиција, а таа според него во моментов е растргната меѓу Русија и Европската Унија.

„Србија ќе стори сé што е можно за да го осуети преговарачкиот процес за влез на Република Северна Македонија во Европската Унија пред самата да го стори тоа. И гледаме дека самата Србија се уште се лула меѓу орбитата на Русија и Европа“, изјави Росен Плевнелиев.

Според него, владата во Северна Македонија виси на конец и нејзината ситуација не е воопшто лесна. Затоа бугарската позиција треба да биде помагање на евроинтеграциите на РСМ.

„Мораме да имаме многу избалансирана политика, ние самите во Бугарија мора да внимаваме да не вршиме такви провокации. Мора да се однесуваме како возрасни, мора да знаеме дека е тешка и тешка битка да се одречеме од фашистичкото титосталинистичко минато. За жал, денешните елити во Северна Македонија се уште страдаат од ова“, објасни понатаму Плевнелиев кој беше претседател на Бугарија од 2012 до 2017 година.

Најнови вести