21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Плачев заради Антонио Бандерас! Познатата актерка си ја отвори душата!

Најчитани вести

Актерката Салма Хајек имаше 23 години кога во 1989 година доби улога во серијата „Тереза“ во родното Мексико и стана ѕвезда. Во 1991 година, латино убавицата се пресели во САД – нејзината цел беше да го освои Холивуд, но патот до тој сон не беше лесен.

Салма имаше тешкотии во учењето поради дислексија, а недоволно познавање на англиски јазик и отежнуваше да се истакне во светот на актерството.Но, тоа веќе се сврте во нејзина корист кога во 1995 година конечно доби улога во „Десперадо“ на Роберт Родригез.

Таа ја играше Каролина, жена која го следи ликот на Маријачи, кој оди во кампања за да му се одмазди на локалниот нарко бос. Главната машка улога ја толкуваше Антонио Бандерас, а Селма како гостинка призна дека нема поим дека таа Бандерас ќе мораат да снимаат „жешки“ сцени.

Бев апсолутно преплашена! Почнав да плачам на сетот, бев исплашена, мислев дека нема да можам … Всушност, најмногу се плашев од Антонио – тој се однесуваше како вистински џентлмен и беше толку убав – се присети Селма.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести