7.3 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Плати на функционери: Премиерот со речиси 1500 евра, министерот за внатрешни 1 400 евра

Најчитани вести

Влада ги објави платите на премиерот и министирите. Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со највисоки плати, министерот за информатичко општеството и администрација нема ниту една година работен стаж.

Нето платата на премирот изнесува 1 425 евра или 87 813 денари – Заев е и меѓу првите петмина на списокот со највисок стаж од 22 години.

Втор на списокот со највисока плата е министерот за внатрешни. Вкупната нето плата на Спасовки, кој има 18 години работен стаж е 85 113 денари или 1 381 евро.

Трета, според висината на платата, е министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, со 74 273 денари нето-плата. Шахпаска е и министерката која зад себе има најдолг работен стаж од 28 години.

Следни на спиокот кој го објави денеска Владата се министерките за одбрана и кутура, кои исто така се најдоа и на врвот на листата според стаж.

Нето-платата на Радмила Шекеринска изнесува 1 184 евра и 24 години работен стаж. Ирена Стефоска која, пак има 23 години работен стаж, зема 1 179 евра плата. По нив со идентична плата од 1 158 евра, но и со по 19 години работен стаж следуваат заменик претседателот на Влада за европски и економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи.

Првиот вицепремиер Артан Груби, пак, зема плата од 70 102 денари или 1 138 евра, а зад себе има 15 години работен стаж. Идентичен работен стаж и плата како Груби има и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Останатите плати на функционерите се движат од 68 до 70 000 денари.

Единствено под таа граница се двајцата министри за животна средина и за информатичко општество и администрација, Насер Нуредини и Јетон Шаќири, чии плати се разликуваат за само 320 денари.

Нуредини со една година работен стаж зема 1 064 евра или 65 612 денари нето плата, додека Шаќири без ниту една година работен стаж зема 1 060 евра или 65 292 денари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести