Home » Пластични шишиња, лименки и конзерви собраа нуркачи во еколошка акција за чистење на Охридско езеро

Пластични шишиња, лименки и конзерви собраа нуркачи во еколошка акција за чистење на Охридско езеро

by Журнал.мк

Пластични шишиња, лименки, пластики, конзерви собраа нуркачите во Охрид во еколошката акција за чистење на Охридско езеро од цврст отпад „Охрид еко 2023“.

Акцијата беше во организација на Нуркачкиот Центар Амфора од Охрид која се изведе на две локации: извори Св Наум, Пристаниште Св Наум – манастир Св Наум.

Во акцијата учествувале 28 нуркачи од Нуркачкиот Центар Амфора, Спелеонуркачки клуб Врело од Скопје како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ кои се вклучуваат во сите поголеми еколошки акции и активности што ги организира Амфора.

Од дното на Езерото извадле огромна количина на разновиден цврст отпад, кој бил подигнат од ЈП Комуналец Охрид и транспортиран до депонија.

„Ќе потенцираме дека најголемата количина на цврст отпад доаѓа преку реките кои се вливаат во езерото и носат огромни количини на отпад“,  изјави раководителот на Амфора, Јован Секулоски, интернационален Инструктор Тренер.

Тој потенцира дека со реализација на проектот пред неколку години дале предлог да се изградат мини брани со кои во голема количина ќе се намали цврстиот отпад во езерото, а со една и единствена цел вистинска заштита на Охрдското Езеро.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk