14.8 C
Skopje
Tuesday, October 19, 2021

Планот на Барса за Нејмар – да не мрдне со прст!

Најчитани вести

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу ќе чека на готово да го добие најскапиот фудбалер на светот.

Тој е толку ладнокрвен во овој случај што не планира ниту да иницира преговори со ПСЖ, ниту да го убедува Нејмар. Познато е дека Бразилецот е тој што сака да се врати на Камп Ноу и се што ова раководството на каталонскиот клуб ќе направи сега е да го насочи како самиот да го изнуди тоа од Французите.

Барселона е прва и единствена опција за него, тој очајно бара излез од ПСЖ каде, во желба за што повеќе пари, замина пред две години. Во краен случај, ако „светците“ не дозволат порано, ќе мораат да го продадат пред крајот на преодниот рок бидејќи тој јасно истакна дека не сака повторно да го облече дресот на овој клуб. Тогаш и цената ќе му падне и тоа ќе биде вин-вин ситуација за Барселона.

Од што нема желба да игра за ПСЖ, Нејмар не се ни појави на стартот на подготовките на тимот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com