19.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Планирана реконструкција на преку 1.200 километри патна мрежа

Најчитани вести

ВестиЕкономија
Реконструкција на патниот правец е во должина од 6 километри а вредноста на инвестицијата е 46, 3 милиони денари.
Слободен печат 15/11/2019 – 13:30 0
Силната инвестициона активност во инфраструктурата продолжува и во четвртиот квартал. Очекувам голема реализаиција на капиталните инвестиции бидејќи во ресосорт транспорт четвртиот квартал е и најсилен, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешната работна посета на Валандово.

Тој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, извршија увид во реконстуркција на државниот пат Смоквица –Удово.

Реконструкција на патниот правец е во должина од 6 километри а вредноста на инвестицијата е 46, 3 милиони денари.

Активностите врз целокупната инфраструктура во државата се одвиваат со силен интензитет. Временските услови се на наша страна со што ни овозможуваат добра и долга градежна сезона. Реконструкцијата на овој патен правец е од огромно значаење за населените места кои гравитираат кон Валандово и валандовско, бидејќи е еден од најфрекфрентните и ги поврзува со автопатот. Со силна динамика продолжуваме и во наредниот период, имаме голема програма. Во овој регион планираме голема инвестициона активност за што во следната година предвидени се реконструкции на неколку регионални патишта- изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека овој пат е многу значаен бидејќи ги поврзува Валандово, Струмица со Коридор 10.

-Отпочнуавме со работа на патот од Валандово кон Фурка, од Фурка кон Николич и од Стар Дојран до граничниот премин со Грција. Во меѓувреме се работи и на подготовка на еден голем проект а тоа е изградба на експресен пат од автопатот кај Смоквица до граничен премин Ново Село со Република Бугарија. За следната година само реахбилитации ќе имаме преку 1200 километри- изјави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

За градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадиновски, реконструкцијата на овој пат е од огромно значење бидејќи влијае врз развојот на регионот.

-Кoнечно приоритетите на граѓаните ги забележуваме и ги решаваме, така ги подобруваме и условите за живот. Патот директно не поврзува со автопатот. Овој крај најбрзо се развива во општината Валандово а со рехабилитацијата на овој пат дополнително ќе го стимулираме развојот- истакна градоначалникот Костадиновски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com