Home » Пијан возач со „мерцедес“ удри во пешаци, загина млада докторка

Пијан возач со „мерцедес“ удри во пешаци, загина млада докторка

by Журнал.мк

Во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 23.30 часот Сараево, синоќа загина младата докторка Азра Спахиќ (1998), вработена во Кантоналниот здравствен дом Сараево.

Во неа и во уште тројца пешаци со „мерцедес“ удри Армин Берберовиќ (1996) од сараевската општина Стари Град.

Берберовиќ во моментот на несреќата бил под дејство на алкохол, а возел со брзина значително поголема од дозволената. Тој немал возачка дозвола. Тој синоќа околу 2.30 часот бил уапсен од полицијата.

„Истиот ден во 2.30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода лицето Б.А., роден во Сараево 1996 година поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело тешки кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај и загрозување на јавниот сообраќај, по што лицето лишено од слобода е предадено во притвор“, соопшти полицијата.

Во незгодата повредени се пешаците С.А.(роден 1997 г.) и С.Е.(роден 2002 г.). С.А здоби повреди опасни по живот, а другата се здобила со тешки повреди.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk