По успешните концерти во Париз и Рим на македонските пијанистки Мимоза Ќека и Јована Трајчева, каде настапија со пијано дуо рецитали на музички фестивали – фестивалот Музички Недели во Париз, Франција како и во Театро Марчело во склоп на Concerti del Tempietto во Рим, Италија, ќе имаат концерт и во Скопје.
На 24. декември во камерната сала на Филхармонија Мимоза и Јована ќе го одржат концертот „Празнична рапсодија“.