16.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Пијанистките Франческа Орландо и Мимоза Ќека ќе одржат концерти во Скопје и во Битола

Најчитани вести

Во Музејот на македонската борба вечер ќе се одржи концерт на пијанистките Франческа Орландо и Мимоза Ќека. Пијанистките ќе изведат богата програма со дела од Моцарт, Шуберт, Дворжак, Пуланк, Дебиси и Пјацола за четирирачно пијано.

Пијанистките Франческа Орландо и Мимоза Ќека утре во 13 часот ќе настапат во Палатата на културата – Офицерски дом во Битола.

Родена во Фиренца, Франческа Орландо е британско-италијанска пијанистка која настапува на меѓународно ниво и како солист, корепетитор и како камерен музичар низ многу европски градови, вклучувајќи ги Лондон, Копенхаген, Будимпешта, Малта, Фиренца и Рим. Од нејзиниот дебитантски рецитал во Фиренца, на четиринаесетгодишна возраст, таа интензивно настапува во познати концертни сали како што се Вигмор Хол, Сент Џејмс Пикадили, Кралската академија за уметности во Лондон, салата Свети Џорџ во Бристол и како солист со Симфонискиот оркестар на Универзитетот Ексетер, Симфониски оркестар Бристол. Настапува на бројни музички фестивали низ Англија, вклучувајќи ги музичките фестивали Петворт, Блумсбери и Дартингтон како дуо партнер со познатиот пијанист Стивен Озборн.

Пијанистката Мимоза Ќека, родена во Скопје, се истакнува како рециталист и камерен музичар, концертирајќи на бројни музички фестивали во Париз, Рим, Бристол, Милано, Трст, Сиена, Њујорк, а во 2022 година го објавува соло албумот NON-FUNGIBLE. Во 2019 година таа учествува во европскиот проект TEME одржан во Трст и Камерино, Италија, дел од програмата Music Moves Europe, а во текот на студиите учествува на голем број мастер класи во музички академии вклучувајќи ја Accademia Musicale Chigiana во Сиена, Италија.

Во 2019 година дуото настапи пред публиката во Бристол, Обединето Кралство со избрани дела од музичката литература за две пијана.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com