18 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

Писателката Лидија Димковска ќе учествува на „Глобална поетска серија“

Најчитани вести

Македонската писателка Лидија Димковска ќе учествува на виртуелниот поетски настан „Глобална поетска серија“, што ќе се одржи в сабота (16 јануари) во култното „Њујоршко поетско кафуле“.

Како што соопшти писателката, читањето го организира Здружението на имигрантските и меѓународните уметници на Њујорк, а ќе настапат уште девет мигрантски поети кои живеат и творат во различни земји низ светот.

Димковска заедно со германскиот поет Макс Чолек и рускиот поет Вјачеслав Купријанов, завчера учествуваше и на фестивалот „Дихтерлох“, организиран од „Алте Шмиде“ од Виена, Австрија, што исто така се одржуваше во хибридна форма. Таа вечер авторката читаше песни од поетската збирка „Црно на бело“ која во препев на германски на Александер Зицмен излезе минатата година.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести