Филмската ѕвезда објави фотографија од венчавката со сопругата и ѝ посвети емотивен опис.
“Среќна годишнина љубов моја. Танцувавме таа вечер и го танцуваме тој танц и денес. Можев да го направам тоа одново”, напишал Пирс.
Многу следбеници биле воодушевени од трогателната објава на Броснан и им ја честитаа годишнината од бракот, но на Фејсбук актерот повторно се соочи со злонамерни коментари за изгледот на неговата сопруга, кои сега се избришани од таа социјална мрежа, пишува Мирор.
Пирс, како и секогаш, застанал во одбрана на сопругата и спомнал како нејзиниот изглед бил тема на разговор и меѓу неговите пријатели.
“Некои од нашите пријатели ѝ понудија операција за слабеење. Но, јас го обожавам секој дел од нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи. И затоа што ги роди нашите деца”, напишал Пирс и заштитнички ја бранел својата сакана сопруга. „Отсекогаш навистина ја сакав поради тоа што е, не поради нејзината убавина, а сега ја сакам уште повеќе затоа што е мајка на моите деца. Многу сум горд на неа и секогаш се трудам да бидам достоен за нејзината љубов. “, рече Пирс.
Пирс Броснан и Кили се запознале во 1994 година, а парот се венчал по седум години врска. Заедно ги имаат синовите Парис и Дилан.