Андреа Пирло смета дека Баерн Минхен направил вистински потег со позајмувањето на Филипе Кутињо и почетокот на сезоната покажал дека тој одлично се вклопува во составот на Нико Ковач.
– Баерн имаше потреба од фудбалер токму каков што е Кутињо, посебно по заминувањето на Рибери и пензионирањето на Робен.
– Гледав натпревари со Филипе во дресот на Баерн, тој одлично се вклопи во тимот кој и онака е силен. Сега Баерн е помоќен, а што се однесува до најдобрите играчи, веројатно тоа се Кутињо и Левандовски, – потенцирал Пирло.