25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Пиоли: До последното коло ќе се води битката за титулата

Најчитани вести

Милан не успеа да слави против Торино (0:0) и да стекнат малку поголема предност во однос на ривалите во борбата за скудетото.

Милан се први со 68 поени, два повеќе од Интер и Наполи. Интер има натпревар помалку од конкурентите.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не е разочаран од нерешениот резултат, смета дека неговиот тим ќе се трка за титулата.

„Ништо не е готово. Погрешни се изјавите дека во оваа трка за титулата има јасен фаворит. Не смееме да бидеме нервозни, треба да бидеме трпеливи до самиот крај. Во исто време свесни сме и за квалитетите на нашите ривали. Мислам дека битката за трофејот ќе се води д последното коло“, рекол Пиоли.

Милан, во наредното коло ќе ја пречека Џенова.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com