36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Пиоли бара оправдување во повредите: Половина од сезоната играме без Златан

Најчитани вести

Стефано Пиоли освен повредите, не бараше други оправудање што неговата екипа вчера го загуби дербито од Наполи на домашен терен. Милан немаше одогвор за решавачкиот гол на Политано, по што Росонерите се оддалечија од Скудетото на 11 кола до крајот на италијанскиот шампионат.

„Обидете се да го замислите Интер да игра половина од сезоната без Лукаку или Мартинес, или пак Јувентус да биде без Роналдо, Мората, Кјеза… Токму тоа нам ни недостасуваше во овој меч. Искусен играч кој воедно ќе биде лидер на останатите на теренот. Ибрахимовиќ честопати е надвор од терените, долго време бевме без Ребиќ и Чалханоглу. Оваа млада екипа покажа дека има карактер и заслужува пофалби со оглед на ситуацијата“, истакна Пиоли.

По 27 одиграни натпревари, Милан е втор со 56 бода, дури девет помалку од лидерот Интер, а само еден бод повеќе од актуелниот шампион Јувентус.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести