-8.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Пинк јавно го прозва Роналдо, џентлменот Кристијано одговори како што доликува

Најчитани вести

Позната поп пејачка Пинк стана актуелна во спортската јавност за време на Олимписките игри кога застана во одбрана на норвешките ракометарки и се понуди да ја плати срамната казна која ја изрече ЕХФ, но сега се најде во фокусот и со својата последна објава на социјалните мрежи.

Во пресрет на убавите празнични денови кои претстојат, Пинг откри дека организира изненадувања за мали дечиња кои сакаат божиќни и новогодишни подароци, порадишто јавно побара помош и од големата фудбалска ѕвезда на Манчестер Јунајтед.

Кристијано Роналдо е познат по хуманитарните акции и дарежливоста од почетокот на својата играчка кариера, но сега Пинг го прозва и побара да се покаже на дело и пред неа.

– Еј Кристијано, јас ќе спонзорирам неколку дечиња оваа година за Божиќ, а тие не сакаат ништо друго освен твој дрес. Немаа многу, но јас сум одлучна тоа да го остварам.

– Дали би сакал да испратиш неколку и да им го промениш животот? Знам дека правиш убави работи цело време, но…., – по што Роналдо возврати во свој џентлменски стил.

– Здраво Пинк, среќен сум што можам да помогнам. Ќе се организирам и ќе пратап потпишани дресови за дечињата, нема никаков проблем. Честитки за тоа што го правиш!, – возврати Роналдо.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com