23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Пике: 85% од судиите навиваат за Реал Мадрид, па како да не свират во нивна корист?

Најчитани вести

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике смета дека судиите во Шпанија, кои навиваат за Реал Мадрид, не можат да бидат непристрасни и судат во корист на „кралевите“.

Во Шпанија често има дебата за тоа дека Реал Мадрид добива помош од судиите. Поранешниот судија Едуардо Итуралде Гонзалес минатата година изјави дека девет од десет шпански судии се навивачи на Реал Мадрид.

Жерард Пике сега прокоментира на оваа тема и вели дека судиите кои навиваат за Реал Мадрид не можат да биде непристрасни.

„Ноедамна еден поранешен судија рече дека 85% од судиите навиваат за Реал Мадрид. Па како да не свират во нивна корист? Дури и несвесно, како нема да судат повеќе за една страна од друга? Јас ги почитувам судиите и нивната професионалност и знам дека тие се обидуваат да си ја завршат работата најдобро што можат. Но кога ќе има сомнителен момент…“ – вели Пике во разговор со Пост јунајтед.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести