4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Пике со новата плата не може да купи ниту кутија цигари?

Најчитани вести

Барселона минува низ тежок период, се соочува со големи финансиски проблеми. Токму поради ова каталонскиот гигант остана без услугите на Лионел Меси, а за да клубот ги мине бурните времиња дел од фудбалерите се откажаа од своите плати.

Еден од нив е Жерард Пике. Новиот капитен на Барселона му помогна на тимот кога е најпотребно. Тој на социјалните мрежи ја откри и својата нова плата.

„Тука сум роден, тука пораснав, бев навивач и играч. Ова е семејство, сите сме заедо. Капитените се согласија да се прилагодат на новата ситуација, ова е одлуката која ја донесовме, сите сме горди на тоа“, рече Пике, кој на шега откри дека игра за четири долари, сума со која во оваа земја не може да купи ниту кутија цигари.

Пике им вети на навивачите дека ќе остане до крајот на својата кариера, бидејќи клубот го заслужува тоа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com