Home » Пике првпат во јавноста со „малата Шакира“: Ја однесе на венчавка и не ја испушташе од рака, сите коментираат дека е копија на пејачката

Пике првпат во јавноста со „малата Шакира“: Ја однесе на венчавка и не ја испушташе од рака, сите коментираат дека е копија на пејачката

by Журнал.мк

На Твитер се појавија фотографии од фудбалерот Жерар Пике и неговата нова девојка, студентката Клара Чиа Марти. Двојката е видена на свадба во Шпанија. Оделе насмеани и држејќи се за рака.

Клара е првата девојка со која Пике е виден во јавноста по раскинувањето на 12-годишната врска со пејачката Шакира (45) со која има два сина. Атрактивната русокоса студира односи со јавноста и живее во Барселона.

https://twitter.com/ssmesterazteca/status/1562462022687547392?s=20&t=o1lysYb1QHZfNvuH8B1j7w

Фудбалерот прво сакаше да ја сокрие новата девојка, па неговиот тим за односи со јавност ги избриша сите фотографии од нив што ги имаше на различните платформи, но сепак тоа не му успеа.

Јавноста брзо ја пронајде девојката и фотографиите се проширија ширум целиот свет.

Особено тој е во центарот на вниманието секојдневно поради тоа што таа е студентка и е 12 години помлада од него.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk