Home » Пике покажува голема класа на заминување: Стоперот ќе и „прости“ неверојатна сума на Барселона

Пике покажува голема класа на заминување: Стоперот ќе и „прости“ неверојатна сума на Барселона

by Журнал.мк

Жерард Пике во доста необични услови и во неочекуван термин објави крај на својата играчка кариера, односно најави дека претстојниот викенд против Алмерија ќе го одигра последниот меч во својата играчка кариера.

Оваа одлука на стоперот ја изненади целокупната шпанската спортска јавност, неговите поранешни колеги, но и актуелните соиграчи кои не знаеле за потегот кој планира да го повлече се до денот на објавувањето на веста за повлекување.

Дури и Барселона како институција не очекувала ваква разврска на ситуацијата со дефанзивецот кој испиша историја, но сите во клубот се импресионирани од потегот на Жерард кој решил да се откаже од сите пари кои му ги должи Барселона и кои требаше да му ги исплати до крајот на договорот кој важеше до 2024-та година.

Пике се откажал од 50 милиони евра и со тоа ја покажува својата љубов кон клубот, но и сфаќање на сериозната финансиска ситуација, а токму за тоа говореше и Жоан Лапорта во своето прво обраќање по веста која ја сподели 35-годишниот стопер.

– Пике секогаш ќе биде составен дел од грбот на Барселна, секогаш ќе биде пример за каталонците бидејќи покажа дека навистина ја сака Барса. Договорот за раскин допрва треба да се конкретизира, но има неверојатна предиспозиција од негова страна да му помогне на клубот. Играчот ја сфаќа тешката финансиска ситуација и сака да ни помогне, – изјави Лапорта.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More