Жерар Пике минува низ турбулентен период откако ја прекина 12-годишната врска со Шакира.
Дефанзивецот на Барселона е обвинет за неверство, а шпанските медиуми тврдат дека ја изневерил со пријателката на сопругата на соиграчот од Камп Ноу, Рики Пуиг.
Разделбата меѓу двајцата е силно одекна во Шпанија, а Пике се соочува со бран на несакано внимание во овој период. Затоа дури и ја одбил поканата да присуствува на свадбата на неговиот колега и добар пријател Жорди Алба, закажана за ова лето.
Според Лектурас, Пике му рекол на Алби дека нема да ја прифати поканата бидејќи верува дека неговото присуство ќе го привлече вниманието кон себе, наместо кон двајцата младенци.
Инаку, Алба ќе се омажи за манекенката Ромари Вентура со која има две деца