7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Пике му одговори на Куман: Не го носам овој дрес за да бидам втор или трет

Најчитани вести

Барселона освои само бод на гостувањето во Кадиз. Каталонците имаа уште едно бледо издание, мечот го завршија со играч помалку, Де Јонг доби црвен картон во 66. минута, а во последните секунди од натпреварот „поцрвене“ и тренерот Роналд Куман. Прашање е дали на овој начин Холанѓанецот неславно ја заврши својата мисија на „Ноу Камп“.

Работите во Барселона не одат на добро. По нерешениот резултат, заменик-капитенот Џерар Пике остро одговори на изјавата на тренерот дека со тимот што го има не може да се бори за титулата.

„Не го носам овој дрес за да бидам втор или трет, туку за да победувам и освојувам титули. Овој тим има сè што е потребно да се бори за титулата. Горд сум на тимот. Не сме навикнати да се наоѓаме во ваква ситуација, но убеден сум дека ќе продолжиме да победуваме. Сите играчи се обединети, немој да правите поделби во тимот“, рекол Џерар Пике.

Барселона има само една победа на последните пет натпревари. Во наредното коло ќе го пречека Леванте.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com