4.8 C
Skopje
Tuesday, January 31, 2023

„Пиев по литар и пол водка, се најдов на работ на амбисот“ (фото)

Најчитани вести

Актерката Даница Максимовиќ отворено проговори за својот порок кој успеала да го победи. Таа изјави дека е горда на начинот на кој се изборила со алкохолизмот.

Сè се случило кога почнала активно да глуми во театарот, па честопати се наоѓала во ситуации во кои алкохолот се точел во големи количини.

Како што истакнува, сè започнало спонтано.

 – Бев спортист и влегов во театар, а сите го консумираат тоа. Не те одминува, за мене тоа беше поразително. Луѓе сме и имаме пороци, малку фали да се премине границата. Е, кога ќе дојдете на работ на својата пропаст, тогаш се вразумувате. Пиев литар и пол водка дневно – ја започнува актерката својата исповед.

Според неа, сега е горда на себе.

-Моја најголема победа е што го надминав порокот. Горда сум на себеси… горда е и мојата докторка, домашните, пријателите – рече Даница и откри колку време траела нејзината борба.  

– Некаде околу осум месеци, кога сте дисциплинирани, а јас сум дисциплинирана и сè помина во најдобар ред… Знаев дека имам проблем, само ми требаше мала помош. И така беше. Бргу се изборив и еве, 30 години сум своја на своето, на суво – изјави Даница во емисијата „Сè на сè“ на ТВ Прва.

Актерката нагласи дека низ процесот на лекување не може да се помине без искрена поддршка на блиските луѓе.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести