5.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Пејачот обвинет за силување се појави во јавноста првпат по две години: Мерилин Менсон не личи на себе

Најчитани вести

Пејачот Мерилин Менсон (53) беше снимен оваа недела за првпат во јавност по речиси две години.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Музичарот беше уловен од папараците додека го напушташе ресторанот во Лос Анџелес каде вечераше со својата долгогодишна партнерка Линдзи Усич (37), а без шминката што вообичаено ја носи било тешко да се препозна, а добил и неколку килограми вишок.

Фото: Профимедиа
Пред две години, кога се ожени со Линдзи по осум години врска, Менсон престана да пие алкохол и оттогаш се здебели. За излегувањето на вечера со сопругата, Менсон избра комбинација во својата омилена црна боја, а во јавност изминатава година не се појавуваше поради серијата обвинувања за сексуален напад со кои се соочи минатата година.

Фото: Профимедиа
Поранешната девојка на Менсон, американската актерка Еван Рејчел Вуд, ја предводеше тужбата против контроверзниот пејач. Таа тврди дека Менсон ја принудувал на секс додека снимал еден од неговите музички спотови, а потоа почнале да се појавуваат разни сведоштва и морничави приказни кои пејачот наводно им ги правел на своите жртви.

Фото: Профимедиа
Во февруари 2021 година, Вуд првпат изнесе обвиненија против Менсон, со кој почна да се забавува во 2006 година, кога таа имаше 18 години, а тој имаше 37 години. Двојката беше во врска четири години, а Вуд години подоцна се појави со обвинувања за сексуална и емоционална злоупотреба, иако таа само го именуваше Менсон како нејзин наводен злоставувач минатата година.

Мерилин Менсон и Еван Рејчел Вуд/Фото: Профимедиа
Менсон, чие вистинско име е Брајан Ворнер, е обвинет за сексуална и физичка злоупотреба од повеќе од 15 жени. Една од жртвите, неговата поранешна девојка Ешли Морган Смитлајн, го раскажала своето искуство и го тужела Менсон за сексуално злоставување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести