-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Пејачката Џеси Џеј се повлекува од Инстаграм и сцена поради болест

Најчитани вести

Британската пејачка Џеси Џеј неодамна им соопшти на своите следбеници на социјалните мрежи дека се повлекува на одреден временски период.

Причината е нејзината влошена здравствена состојба. Имено, Џеси веќе повеќе од половина година се бори со Мениерова болест, која се манифестира со напади на вртоглавици, мачнини, повраќање, шум во уво, појава на наглувост, а нападнат може да биде и центарот за рамнотежа.

Новогодишните и божиќните празници ги помина во болница, ги откажа настапите, а сега се повлекува и од социјалните мрежи.

Во едно од своите лајв вклучувања раскажа дека ѝ е тешко што болеста се афектира и на нејзиниот глас, како и тоа дека нејзиниот слух е исклучително лош, а и тешко се движи.

„Вчера се обидов да отпеам песна која инаку со леснотија ја пеам. Не можев. Проблемот не е мојот глас, но болеста ми влијае на гласот. Липтав на глас. Си дозволив да го почувствувам делот кој е скршен во мене, а кој често го игнорирам. Шест месеци не помина ден без болки во вртатот и грлото. Некогаш е подобро, некогаш не“, напиша Џеси претходно, потенцирајќи дека се труди и покрај се да остане позитивна.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com