-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Пејачката тврди дека сретнала вонземјани за роденден – ЕВЕ КАКО ГИ ОПИША

Најчитани вести

Популарната пејачка Деми Ловато (29) изјави дека имала средба со вселенско летало (НЛО) за време на прославата на нејзиниот 28 роденден.

И по ова „поучно“ искуство, таа објасни дека отсекогаш била фасцинирана од вонземски животи.

„Остварив вонземски контакт и тоа беше прилично неверојатно искуство“, вели таа.

Како што продолжува таа, оттогаш почнала повеќе да се занимава со таа тема и сфатила дека сака да сними едукативно шоу за тоа.

Популарната пејачка исто така го сними шоуто „Неидентификувано“ каде таа и група пријатели истражуваат вонземски живот.

„Излеговме во пустина и видов сина топка која беше оддалечена околу 15 метри, можеби и помалку, и некако како да лебдеше над земјата, но држеше дистанца од мене“, се сеќава Ловато.

Пејачката рече дека тоа искуство го променило начинот на кој таа го доживува светот, но и нејзиното мислење за вонземјаните.

„Тие се многу грижливи и интелигентни суштества, тие го сакаат само најдоброто за нашата планета“, истакна таа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com