16.8 C
Skopje
Tuesday, May 18, 2021

Пејачката се повлекува од музичката сцена: „Сакам да основам семејство“

Најчитани вести

Американската рап ѕвезда Ники Минаж ги изненадила своите обожаватели со својата објава дека се повлекува од светот на музиката за да основа свое семејство.

Минаж (36) ги запрепастила и разочарала своите 20 милиони следбеници на Твитер со својата најава дека ќе се повлече од сцена.

„Одлучив да се повлечам и да имам свое семејство. Знам дека сега сте среќни. На моите обожаватели би им порачала само да продолжат да ме поддржуваат сè до мојата с*рт“ – напишала Минаж.

Минаж во месец јуни објавила дека планира да се венча за своето момче Кенет Пети, контроверзниот музички извршен директор со криминално минато, а во месец август го променила и своето име на Твитер во “Mrs. Petty“, но не изјавила дека во меѓувреме дошло до венчавка.

Освен тоа пејачката уште во февруари изјавила дека го завршила својот петти албум, засега без налов, но и без датум за негово излегување.

Ники Минаж се проби на американската и светска сцена пред 10 години со својот прв албум „Pink Friday“, а препознатлива е по тоа што не молчи, ниту па на некој останува должна кога станува збор за вербални пресметки.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести