Пејачката Ивона Јовановиќ по 4 години првпат во костим за капење

0

Македонската пејачка Ивона Јовановиќ, која неколкупати се натпреваруваше во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, откри дека по 4 години првпат облекува костим за капење. Таа призна дека со години се мачи со вишокот килограми. Заради изгледот често добиваше критики и во шоуто и совети дека треба да ослабе. Но, сега, вели таа, веќе нема ги слуша коментарите од околината и ќе ужива во животот. Ивона на „Инстаграм“ објави слика во костим за капење, покрај базен со порака дека е време да се соочи со проблемот што си го наметнала самата во средношколските денови кога слушала погрдни зборови за себе кога ќе се појавела во бикини покрај врсниците.

„Денешниот ден ми беше толку многу битен. Зошто? Затоа што после 4 години носам костим за капење и тоа јавно. Проблемот сум си го наметнала самата јас. Мислев дека во костим не можам да се појавам затоа што моето тело не е спремно за лето и за јавност. Се криев и не излегував во текот на летото на базени, одмори, оти во средношколските денови добивав погрдни зборови од околината кога ќе се соблечев така во бикини. Од денес па натака ќе го ослободам умот од тие предрасуди. Мислите што сакате. Дури и денес на базен добив неколку погрдни зборови, зад грб, секако. Некои од вас и ме сликаа на базенот но ако. Истите слики од денес може да ги ставите на позадина на телефон. Затоа што од денес гордо ќе чекорам и одам во костим. Секое тело заслужува шанса и прилика да ужива. Моето тело ме служи цел живот и вечно ќе сум му благодарна. А можам и да му се извинам што воопшто сум помислила дека не е совршено“, напиша меѓу другото Ивона.

Таа вели дека тежината не е таа која ја дефинира како човек, туку дека е само бројка која отсега нема да ја забележува, ниту, пак, ќе се казнува себеси ако некој ден јаде повеќе.

„Сакам да живеам. Сакам слободно да се движам. Сакам да дишам слободно,“ напиша таа на „Инстаграм“.

Текстот Пејачката Ивона Јовановиќ по 4 години првпат во костим за капење е превземен од Reporter.mk.