Српската кошаркарска репрезентација со одлична игра ја совлада Канада со 95-86 и обезбеди финале на Мундобаскетот, каде што ќе се соочи со победникот од полуфиналето меѓу Германија и САД.
Селекторот Светислав Пешиќ кажа дека е горд на своите кошаркари и знае дека неговите избраници се подготвени за последниот предизвик на турнирот.
„Чувството е неверојатно, горд сум на моите момци. Му ја посветувам победата на Бориша. Се надевам дека наскоро ќе биде со нас. Никогаш не се предаваме, туку секогаш одиме до крај. Смирен сум пред финалето, затоа што моите кошаркари се подготвени“, кажа Пешиќ.