8.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Пет туристи се вратиле од Грција со ковид, сите се на домашно лекување

Најчитани вести

Автобус со туристи од Грција е во изолација откако пристигнал на 20 ти јули во Македонија. Во автобусот според информациите имало 26 патници.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирена Сотирова-Бухова вчера изјави дека има пет позитивни патници меѓу лицата кои во текот на вчерашниот ден со автобус се вратиле од летување во Грција.

Таа додава дека се издадени 13 решенија за изолација на патниците, а во моментов во исчекување се и резултатите од тестовите на другите патници кои биле во автобусот.

– Од лицата кои се вратија од одмор од Грција до овој момент решение за позитивни лица упатени на домашно лекување имаме 5 позитивни и 13 решенија издадени по основ на контакти, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести