8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Пет намирници кои содржат магнезиум и треба да ги јадете редовно

Најчитани вести

Има многу здравствени придобивки од консумирање магнезиум. Овие пет намирници се богати со магнезиум и треба да ги вклучите во исхраната.

Зелен лиснат зеленчук

Зелката е најдобар извор на магнезиум, но и некои други минерали и витамини. Овој зеленчук може да го јадете сиров или да направите вкусен ручек. Исто така, јадете кељ, марула и спанаќ.

Авокадо

Авокадото е уште една намирница која е богата со магнезиум. Авокадо со просечна големина содржи околу 58 мг магнезиум, а предноста на ова овошје е што може да го подготвувате на многу начини. Може да го јадете сирово, да го намачкате на леб, може да направите смути или да го додадете во салата.

Јаткасти плодови и семки

Без разлика дали станува збор за семки од тиква, ленено семе или сончоглед, бадеми или бразилски ореви – овие намирници треба да ги јадете редовно ако не сакате да ви недостасува магнезиум.

Риба

Рибата е одличен извор на магнезиум. Треба да јадете туна, сардина, скуша бидејќи се богати со омега 3 масни киселини и витамин Д. Се препорачува да јадете риба барем еднаш неделно.

Темно чоколадо

Чоколадото е богато со овој важен минерал, но треба да јадете темно чоколадо наместо млечно бидејќи има поголем процент на магнезиум. Само една коцка темно чоколадо содржи 95 милиграми магнезиум.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com