20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Пет лица повредени во сообраќајка

Најчитани вести

Пет лица се повредени во сообраќајка во Скопје. Според пријавеното по незгодата учесниците се пренесени во Градската општа болница„8-ми Септември” и Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде на возачот И.З. и возачот Б.Н. како и на неговите сопатници Е.Р.(21) од Скопје и Е.Е.(20) им биле констатирани повреди, додека на сопатникот М.М.(22) му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје.

Вчера во 21,15 часот на бул.„Словенија” било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило фолксваген голф со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(23) од Скопје и патничко моторно возило фолксваген голф со скопски регистарски ознаки, управувано од И.З.(38) од Скопје, информираат од полиција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести