33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Пет дела влегоа во најтесниот круг за „Роман на годината“, прогласувањето е на 15 март

Најчитани вести

Уште повеќе се стеснува кругот на селектирани романи на конкурсот „Роман на годината“. Во последниот влегоа пет писанија:

„Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски („Или – или“), „Суво мастило“ од Владимир Илиевски („Македоника литера“), „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски („Антолог“), „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“) и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“), соопштуваат од Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“ ќе биде прогласен на 15 март,а писателот ќе добие оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести