24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Петтиот бран ги полни болниците, бројот на смртни случаи повторно во пораст

Најчитани вести

Иако омикрон веќе извесен период е доминантен и за него се знае дека предизвикува полесна клиничка слика – сепак КОВИД билтените повторно се полнат со многу жртви од опасниот вирус.

Само во последните пет дена 100 лица починале како последица од короната. Речиси сите од нив починале во болница.

На што се должи наглиот пораст на починати не се знае точно. Но денешните слики од болниците ги наговестуваат старите маки од претходните КОВИД бранови.

Докторите во „8 Септември“ деновиве се во ограничена бројка и со раце полни работа. Се носат пациенти од цела Македонија во многу тешка состојба. Претежно се повозрасни лица. Раководителката на инфективниот оддел д-р Маја Дуганова верува дека полните кревети се должат на се уште присутниот делта сојот.

„Веруваме дека се уште е присутен делта сојот, затоа и се уште иаме тешки клинички слики. Најголем број пациенти доаѓаат со горнореспираторна симптоматологија, со полесна клиничка слика кои што можат да бидат следени од матичен лекар, да не прават дополнителни оптеретувања во амбулантата. Хоспитално се примаат само пациенти кои се со пневмонии, кои имаат потреба од кислородна поддршка и натамошен инфектолошки и интернистички третман“, вели д-р Маја Дуганова, раководителка на инфективно одделение во ГОБ „8 Септември“.

Вчера Македонија го урна рекордот на КОВИД заболени за едно деноноќие.. Ова го искачи и бројот на активни случаи над 20.000 – што од почетокот на пандемијата е регистриран во два пика: април минатата година и декември 2020-та . Инаку во последниот извештај на ИЈЗ се нотира дека соодносот на заболени е 60:40 во полза на омикрон.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com