10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Петте постојани членки на СБ на ОН согласни за тоа што се очекува од талибанците

Најчитани вести

Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН „во голема мера се согласни“ за тоа што се очекува од талибанците, јавија утринава француските медиуми, повикувајќи се на изјава на американска претставничка.

-Имаше доста согласувања за тоа што сакаме да видиме од талибанците, особено за почитувањето на правата на жените и девојчињата, борбата против тероризмот и наркотиците, изјави дипломатката по состанокот на министрите на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

Таа додаде дека мисли дека никој, вклучувајќи ја и Кина, не е задоволен од составот на привремената авганистанска Влада на талибанците, по нивното доаѓање на власт во средината на август.

Лондон, кој го свика состанокот, соопшти дека е за „единствен став во дијалогот со талибанците“.

-Големите сили го сакаат Авганистан во мир и стабилност, каде што хуманитарната помош може да се дистрибуира без проблеми и без дискриминација, рече по состанокот генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Повеќето светски влади се уште не ја признаа владата назначена од талибанците и бараат новите владетели на Авганистан прво да исполнат повеќе услови, вклучувајќи почитување на правата на жените и ветување дека на Авганистанците кои тоа го сакаат да можат да ја напуштат земјата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com