Home » Петрушевска: Пратениците од партиите на власт целосно го изгубија кредибилитетот по 18 август кога уставните измени беа на дневен ред

Петрушевска: Пратениците од партиите на власт целосно го изгубија кредибилитетот по 18 август кога уставните измени беа на дневен ред

by Журнал.мк

Спикерот Талат Џафери кој треба да е прв меѓу еднаквите, да мотивира сите активно да се вклучат во работата на пленарните седници и комисиските седници тој само го крши Деловникот Власта не е присутна во дебатаите во Собранието, рече Марија Петрушевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на гостувањето во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Петрушевска говорејќи за Извештајот за работа на Собранието подготвен од Институот за демократија рече дека овој состав посебно пратениците од партиите на власта ги нема никаде.

„Политичкиот кредибилитет на овој состав на Собранието ќе тоне дополнително по она што им се случи на пратениците од партиите на власт на 18 август кога од нив предложените уставни измени не можеа да поминат. Дополнително што ќе ни се пратеници од власта кои ниту се вклучуваат во дебата туку се само гласачка машина“, кажа Петрушевска.

Според неа во овој состав на Собранието воден од Џафери има само сериозно нарушување на собраниски процедури, непочитување на правила, непочитување на етички кодекс, невклученост на потребните страни во дебата за одредени законски решенија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More