Home Спорт Петровски: Натпреварот против Шкупи е дуел вреден шест бода

Петровски: Натпреварот против Шкупи е дуел вреден шест бода

by admin

Кеги Моби денес ќе го одигра последниот натпревар од вториот дел на Првата македонска футсал лига. Во салата „Гемиџии“ во Велес гостува актуелниот шампион на Македонија екипата на Шкупи.

Овој натпревар за велешани е од огромно значење пред почетокот на третиот дел доколку сакаат да ги остварат амбициите од пред почетокот на првенството , а тоа е освојување на третото место. Од клубот најавија дека ова е натпревар кој носи шест бода.

„Денес одиме по цел плен да освоиме три бода кои во суштина значат шест во борбата за тоа трето место. Имаме комплетен состав каде знаеме на што одиме и тоа е дел од нашата цел.  КМФ Шкупи иако е ослабен, не е екипа за потценување, самата позиција на табелата го покажува тоа. Сепак ова е натпревар кој носи шест бода, односно во трка за третото место ние да ја намалиме разликата, додека за гостите зголемување на бодовната предност пред нас. Ги повикувам сите љубители на малиот фудбал, да дојдат во слата „Гемиџии“ и да ни дадат голема подршка“, изјави Влатко Петровски од КМФ Кеги Моби.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More