Карпалак, Вејце, Љуботенски Бачила, министерката за одбрана, Славјанка Петровска во изјава за агенцијата МИА, вели дека спомен – обележја ќе има на сите три локации и оти тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Иницијативите веќе се поднесени.
„Споменици ќе има на трите локации за кои поднесов иницијативи и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, е не крај на постапката.“, изјави министерката за одбрана Петровска, за МИА.
Откако градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу, за споменикот Карпалак рече дека иако иницијативата ја примиле, сепак, тие не се надлежни, оти станува збор за автопат и треба да се праша Јавното претпријатие за државни патишта, а немало ниту урбанистички проект, министерката го упати да си го прочита законот.
„Градоначалникот на Желино нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читливо и јасно напишана, каде се цитирани одредбите од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја. Во услови кога градбите во пола општина му се дивоградби, не е баш умесно да ми дава правни совети“, вели Петровска.
Министерката за одбрана ја поздрави одлуката на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, да изгради споменик за загинатите кај Љуботенски Бачила и го охрабри да постапи по иницијативата на Министерството за одбрана.