17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Петровска: Процесот на европско интегрирање станува безбедносно прашање

Најчитани вести

Самитот на НАТО годинава ќе се одржи во Мадрид и е од клучна важност за Алијансата, како и за Македонија која е нејзината 30-та земја членка, затоа што на овој самит ќе биде усвоена промена на стратешкиот концепт за првпат по 12 години.

Со САД почнаа стратешките разговори во кои се опфатени повеќе сфери, меѓу кои и одбраната.

-Станува збор за сеопфатен стратешки дијалог со САД кој се прошири и на области во кои досега помалку сме соработувале. Во сферата на одбраната со САД од одамна имаме одлична соработка, а со членството во НАТО нашата позиција е подигната на повисоко ниво. САД на МО и АРЦМ доделија 40 милиони долари за модернизација на Армијата, процес кој веќе е започнат врз основа на долгорочниот план за развој, вели Славјанка Петровска, министерка за одбрана во Владата, за Утрински брифинг.

Таа додава дека модернизацијата значи замена на стара воена опрема и надградување со нова воена опрема.

Ние сме членка на НАТО, но сме мала држава со ограничени воени капацитети. Но новиот стратешки концепт на Алијансата нѐ засега и нас. НАТО и е основан пред сѐ за европска безбедност,

-Политички гледано, во НАТО сите држави членки се еднакви без оглед на тоа какви се нивните реални воени капацитети. Што се однесува до новиот Стратегиски концепт ние ќе треба да се прилагодиме исто како и другите. Светот многу се промени во последните 12 години, но НАТО има стратегија за справување со новите предизвици и таа ќе се спроведе, вели Петровска.

Дел од новиот стратегиски концепт на НАТО е справување со пропагандата.

-Македонија не е под влијание на пропагандата отсега, туку хибридните закани траат со години. Како што клучни прашања добиваа на интензитет така хибридните дејствија се зголемуваа. Бугарија е поизложена на такви дејствија кои се премногу очигледни, но и ние треба да бидеме подготвени, вели Петровска.

Петровска вели дека сега е време кога земјите треба да се определат на која страна се, оти има и земји кои не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ, па оттука процесот на европско интегрирање станува безбедносно прашање.

Петровска ги коментираше и мизогините напади со кои се соочува на социјалните мрежи.

-Јас сум подготвена секогаш да разговарам за она што го работам и подготвена сум да истрпам и критика. Што се однесува до оние недолични коментари за мене кои не се поврзани со мојата работа, можат да кажам само дека и тие се дел од таа хибридна војна, а целта им беше да загубам кураж и да се повлечам, вели мининистрката за одбрана.

Петровска вели дека родовите политики се менуваат и во МО и во АРСМ и дека таа е подготвена да поддржи предлог за прва жена генерал, но додава дека тоа не треба да се направи затоа што некој е жена туку напредувањато во Армијата да биде по способност и покажани резултати во работата.

Македонија спорот со Бугарија многу ја чини и политички и економски. Во земјата почнува да се крева и антибугарско расположение. Министерката за одбрана Славјанка Петровска во мај беше во посета на Софија.

-Би сакала соработката со Бугарија во сите сфери да биде како соработката во одбрана. На тамошните школи се школуваат наши луѓе. Меѓусебната соработка е како меѓу две рамноправни земји членки на НАТО, заклучува Петровска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com