Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат ги отфрли како невистинити тврдењата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен прв човек на военото разузнавање, Драган Ковачки, кој излезе со тврдење дека оперативци од македонското воено разузнавање се уапсени на територијата на Косово.
„Апсолутно – не! Да ви бидат уапсени ваши припадници на територија на друга земја значи непријателство меѓу тие две земји. Што не е случај со Република Косово. Особено не во областа на одбраната. Соработката меѓу двете воени служби е на високо ниво. Не гледам причина зошто би биле уапсени“, рече министерката Петровска.