15.8 C
Skopje
Friday, May 27, 2022

Петровска: Македонија го подржува територијалниот интегритет на Украина

Најчитани вести

Државниот врв во целост и со внимание ја следи состојбата во Украина, вели министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во интервју за ТВ24.

Таа вели дека поставувањето на руски вооружени сили на границите со Украина е провокативно и влијае дестабилизирачки. Македонија, според Петровска, во целост го подржува територијалниот интегритет на Украина и земјава смета дека разгорувањето на каков било конфликт не може да ја реши состојбата.

„Во целост ги поддржуваме напорите во рамките на НАТО алијансата и на ОБСЕ за надминување на оваа ситуација. Ова поставување на вооружените сили сметаме дека е провокативно и дестабилизирачко дејствување, коешто всушност ја намалува безбедноста на европскиот континент, а тоа, впрочем, не е целта за којашто сите се залагаме“, вели Петровска.

Дијалогот и дискусиите треба да бидат пред сѐ во интерес на сите нас, додава министерката.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com