Home » Петровска: Интересот за професијата професионален војник е значително зголемен

Петровска: Интересот за професијата професионален војник е значително зголемен

by Журнал.мк

потсетувајќи дека во 2017 година за едно место имало речиси двајца кандидати, а на последниот конкурс за едно место имало девет кандидати.

Петровска во денешното интервју на ТВ21, уште еднаш го најави Конкурсот за прием на нови 200 професионални војници, кој ќе биде објавен во септември.

-Тоа покажува дека сериозно расте интересот и веројатно атрактивноста на професијата професионален војник ја зголемуваат и придобивките од подобрувањето на условите за извршување на таа задача, покрај ова што до сега го зборувавме во делот на модернизација и набавување на опрема, затоа што тоа е тоа што им е потребно на војниците. Се работи многу на подобрување на условите за работа во кои работат и професионалните војници, но се разбира и сиот цивилен и воен персонал во Армијата кој е опфатен со Законот за служба во Армијата, рече Петровска.

Министерката потенцира дека ако погледнеме од перспектива на првите луѓе во одбраната, првиот министер за одбрана, началник на Генералштаб и претседател на држава во овие изминати 30 години, тие сигурно се горди на она што денес е постигнато, односно на она што денес го имаме како Армија и како дел на одбранбениот систем во нашата држава.

Говорејќи за одбранбениот буџет и неговото користење, министерката Петровска истакна дека одбранбениот буџет изминатите години расте и дека тој тренд и понатаму ќе продолжи.

–Повеќе од 30 отсто од одбранбениот буџет се користи за модернизација на Армијата. Одбранбениот буџет расте и тој правилно се користи – не само за плати и придонеси на вработените, туку и за модернизацијата на Армијата, нови вложувања и зајакнување на човечките ресурси, рече министерката Петровска.

Покрај зголемениот буџет и процесите на модернизација и опремување, министерка Петровска потенцираше дека со новите измени и дополнувања на Законот за служба во Армијата се придонесува да имаме доволно мотивирана Армија, која е секогаш подготвена за справување со предизвиците на национално ниво.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk